Година на кендото: Европско сениорско првенство во Скопје, освоен и првиот значаен медал!

Plakat za EP kendo 2016

Во ретроспективата на 2016 година првиот човек на Македонската кендо и иаидо федерација, Златко Кескоски, вели дека за првпат Македонија беше организатор на Европско сениорско првенство на кое учествуваа 40 држави и делегација од Јапонија, а со присуството на ЕП го почестиле премиерот на Р.Македонија и амбасадорот на Јапонија за Македонија со седиште во Виена, Австрија.

ep-kendo-poklon

„Мојата книга „Мојот начин“ почна да се продава на американскиот пазар. МТВ реализира документарно интервју за „Mојот начин“. Имавме фото-сесија, КЕНДО и модата“, вели Кесковски, кој посебно е горд на синовите Владимир, кој израснува во лидер на кендо репрезентацијата, и Александар кој го освои првиот значаен медал на меѓународен натпревар во кендо.

kendo-reprezentacija-so-medalot

Од друга страна, тројца негови ученици заминаа на кендо усовшување во Јапонија. За организацијата на ЕП собраа 150 волонтери. Донираа за поплавените семејства и собираа хуманитарна помош со пункт во Самурај Доџо.

Kendo kecko sam proslava

„Освоивме над 20 интернационални медали во сите категории. Се дружев со моите школски другари и пријатели. Се борев на сите меѓународни натпревари на кои бев подготвен за тоа, бранејќи го знамето на нашата таковина. Среќен сум со моите колеги, пријатели, ученици, семејство. Се трудам да оставам колку можам повеќе историја, зад себе, споделувајќи ја мојата енергија за општествено добро и напредок на Македонија“, истакнува Кесковски.

mkd-borba-kendo-na-ep

Државно првенство во кендо (24.12.2016 г.)

Јуниори

1.Олег Бичковски

2.Никола Ташков

3.Андреј Александров

Сениори

1.Владимир Кеско (Зен кен доџо Јошин)

2.Андреј Атанасовски (Кендо клуб Вардар)

3.Александар Петрески (Кендо доџо Теншин-Охрид)

3.Матеј Јошевски (Јошин)

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО