Чудинов и Гровс за титулата ќе се борат во февруари

fedor-cudinov

Менаџерот на Федор Чудинов, Умар Кремлев, изјави дека преговорите со Џорџ Гровс за евентуален меч за испразнетата титула на ВБА во супер средна категорија се речиси финализирани. Тие би требало да се сретнат на 25 февруари во Велика Британија.

ВБА и нареди на двајцата боксери да излезат да се сретнат, при што како краен рок за постигнување на договор и го даде 5 јануари, пред да биде организиран тендер за натпреварот. Според зборовите на Кремлев, веќе е постигнат договор со менаџерите на Џорџ Гровс од Зауерланд.

Федор Чудинов го освои појасот на ВБА во мај 2015 година, кога го победи Феликс Штурм со судиска одлука. Во септември ја направи и одбарната на титулата против Френк Буглиони пред ВБА да нареди реванш меѓу него и Штурм. Во овој дуел Чудинов ја загуби титулата, но неколку недели подоцна стана јасно дека Штурм бил позитивен на допинг тестот, по што самиот се откажа од појасот.

„Срдебата ќе биде во Лондон. Во моментов го утврдуваме датумот – 25 февруари. Го финализираме договорот, без да има потреба од аукција. Сега нема смисла од него“, изјави Умар Кремелев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО