Доминација на Мартин Стојменов и КК Партизан во Кочани!

SPORTIST KOCANI
Димитар Јакимов, Роберто Здравковски, Марија Шахинова, Оливер Коцев (тренер), Мартин Стојменов и Јорданчо Петров (тренер).

Вчера на свечен начин беа доделени признанијата за најуспешните спортситсти за 2014 година во Кочани во хотелот „Национал“.

Како и што претходно објавивме, по трети пат едноподруго за „Најуспешен спортист“ беше прогласен нозителот на бронзениот медал од Европското првенство во Лисабон, Португалија, Мартин Стојменов од Карате клубот Партизан. Дека каратистите минатата година беа едни од најуспешните во градот на оризот тоа го потврди Димитар Јакимов (КК Партизан), кој беше на третото место, а борачот Андреј Наков (БК Спартак) беше девети најуспешен спортист.

Martin sКаратистите ја продолжи доминацијата и во категоријата „Млад надежен спортист“ преку Роберто Здравковски од КК Партизан, а неговата клупска другарка Мартина Шахинова е четврта, додека Љубомир Давитков од КК Кочани е шести.

Штета е што Стојменов, поради повреда, нема да патува на Европското првенство за кадети, јуниори и јуниори 21 во Цирих, Швајцарија, од 6 до 8 феврурари.

„Најуспешен спортист“ – Мартин Стојменов по него следуваа: Ана Веселинова (ЖФК Кочани), Димитар Јакимов (КК Партизан), Ненад Атанасовски (КГС Кочани), Петар Каров (КГС Кочани), Даниела Колева (ТК Акватен), Петар Лазаров (ГФК Осогово), Љубомир Ангелов (КК Баскет Дино), Андреј Наков (БК Спартак) и Христина Анастасова (КГС Кочани).

„Млад надежен спортист“– Роберто Здравковски пред: Андреј Данилов (КК Баскет Дино), Антонио Јаношевиќ (КГС Кочани), Мартина Шахинова (КК Партизан), Ана Благонова (ЖФК Кочани), Љубомир Давитков (КК Кочани), Андреј Савев (ТК Акватен), Стефан Ковачевиќ (ФК Кочани), Ристе Симионов (КГС Кочани) и Јана Николова (КГС Кочани).

sportisti na kocani

Најдобра екипа“ е ЖФК „Кочани“, „Најдобар тренер“ Оливер Јовановски а Владо Андов беше прогласен за „Спортски работник“.

Признанието за „Трајни вредности во спортот“ им припадна на планинарската експедиција на ПСД „Пониква“ од Кочани, која на најголемиот македонски празник Илинден, 1980 година се искачи на највисокиот врв во Европа „Мон Блан“

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО