Екипното првенство во борење се враќа на сцената!

borenje

Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФСБМ) повторно го враќа на сцена екипното натпреварување, по едногодишна пауза, бидејќи во изминатиов период тоа се покажа како голем минус на македонското борење. Се враќаат и куп натпреварите.

Предложено е да се организираат четири турнири за сениорското екипно првенство, а првиот да биде Изборното првенство на 15 февруари. За куп победникот ќе се бодуваат сите турнири од од пионерска до сениорска конкуренција.

Ова се одлуки што на вчерашната седница ги донесе Управниот одбор на ФСБМ и кој на Струниот совет му наложи да одлучи како ќе се бодуваат турнирите на кои право на ушество ќе имаат сите регистрирани борачи. Постојат и други можности за начинот на бодување.

„Ги прифативме предлозите на Стручниот совет, со една забелешка, државните и изборните првенства да ги организира Советот, односно клубовите. Федерацијата ќе има обврска да ги организира подготовките и меѓународните првенства, како што се „Дан Колов“ и „Петре Сираков“ во Бугарија, „Јашар Догу“ во Турција, Првите Европски игри во Баку, Азербејџан,-вели претседателот на ФСБМ, Чедо Николовски.

Инаку на Европските игри има три места за борачите во слободен стил и едно во грчко-римски стил. Од МОК е побарано македонската репрезентација да настапи во комплетен сосстав. Така повеќе борачи ќе бида во можност да ја обезбедат нормата за ЛОИ во Рио 2016 година.

Ќе се распише конкурс за селектор на младата репрезентација до 23 години, а клубовите да плаќаат пои 12 илјади денари котизација, од која ќе треба да се плаќаат судиите. Во случај да не се уплати котизацијата, судиите најавија бојкот на државните првенства.

Најверојатно Бучим-Радовиш ќе биде домаќин на Изборното првенство за јуниори, а Лирија на сениорското.

 ipon.mk/К.М.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО