Бобан Илиоски: Одам на поголеми успеси од лани!

Бобан Илиоски борба

Големата надеж на македонскиот кик бокс, воопшто, и на спортот, младиот Боба Илиоски утре на Меѓународниот меморијален турнир „Љупчо Неделковски“ ќе си ги одмери силите со Србинот Димитар Ѓорѓевиќ (лоу кик, -71 кг).

Илиоски на Светското првенство за јуниори во Римини, Италија, го освои бронзениот медал. Повредата го спречи да се качи највисоко на пиедесталот и да се свири македонската химна, откако ги победи противниците од Полска и Русија, но болките беа посилни од шампионската желба и мораше да се помири со поразот од претставникот на Јужна Африка.

Бобан Илиоски

-Очекувам убедлива победа. Не знам ништо за противникот. Оваа година планирам максимално да се посветам на кикбоксот и да постигнам многу повеќе од тоа што го постигнав досега, -категоричен е Илиоски.

Иако само две години се занимава со кик бокс, неговата голема посветеност му овозможува за релативно кратко време да постигне добри резултати. За неговиот напредок се грижат тренерите во КБК „Шампион“ од Скопје, Александар Стевковски – Жзелезен и Дејан Митровски-Урко.

За неговите резултати голема заслуга има и тренерот на репрезентацијата, Драган Атанасов, кој максимално е посветен да им го пренесе неговото искство.

Меѓународнит меморијален турнир „Љупчо Неделковски“ ќе се одржи на 31 јануари во Виница. Во К1 до 81 килограм носителот на бронзениот медал од Европското првенство, Мики Ивановски, ќе се сретне со Огуз Шеќер. Во истата категорија, но во лоу кик, Димитар Ѓоргиев ќе се бори со Мухамед Јилдиз од Турција. Македонско-турскиот дуел ќе продолжи и во мечевите Александар Димовски-Фатих Јилдиз до 91 кг во лоу кик, Виктор Георгиевски-Тургут Косакоја (К1, -86 кг) и Стојче Цветковски-Ајкут Тонкал (лоу кик, -86 кг). Хадис Рамадани ќе се бори против Фазлија Реџепи од Србија (лоу кик, -63,5 кг), како и Бобан Илиоски и Димитар Ѓорѓевиќ (лоу кик, -71 кг).

 ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО