Договорен судир на непоразените шампиони, Бивол и Рамирез ќе боксираат на 5 ноември во Абу Даби

Во мај легендарниот руски боксер Дмитри Бивол ја победи мексиканската ѕвезда Канело Алварез и го одбрани шампионскиот појас на ВБЦ во полутешка категорија.

Деновиве Бивол договори нов настап против уште еден Мексиканец, Жилберто Рамирез, кој на своите 44 меча се уште не знае за пораз.

Во својата последна борба во мај, Рамирез го победи Германецот Доминик Бозел со нокаут во четвртата рунда.

Борбата помеѓу Бивол и Рамирез е закажана за 5 ноември на настанот во Абу Даби.

Дмитри Бивол (20-0) пред неколку месеци го имаше еден од најтешките тестови во кариерата кога боксираше и го декласираше Канело, еден од најдобрите боксери на денешницата.

Реваншот не е во плановите, бидејќи Мексиканецот веќе имаше договорено трилогија против Генади Головкин. Нивниот меч е закажан за 17 септември.

Доколку Канело го победи Головкин, а Бивол го совлада Рамирез, веројатно следната година повторно ќе биде договорен меч меѓу мексиканскиот и рускиот боксер.

Непоразениот Жилберто „Зурдо“ Рамирез ја има титулата на ВБО во супер средна категорија и со години копнее за голема борба, барајќи меч против Канело, но тој меч никогаш не се случи. Рамирез доби 30 средби со нокаут од своите 44 борби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО