„Ринг“ го прогласи Усик за најдобар боксер во светот

Шампионот на ВБА, ИБФ и ВБО во тешка категорија, Александар Усик (20-0) стана најдобар боксер, без разлика на категоријата, објави магазинот Ринг. Така, тој стана првиот боксер во тешка категорија во повеќе од 30 години кој ja предводи ранг листата.

Последниот боксер во тешка категорија на врвот на оваа ранг листа беше Мајк Тајсон (50-6). Железниот беше број еден во 1989 година.

Усик го победи Џошуа со поделена одлука (116:112, 115:113, 113:115) на 20 август во Џеда, Саудиска Арабија. Александар ги одбрани титулите на ВБА Супер, ВБО, ИБФ и ИБО во тешка категорија и ја освои слободната светска титула на Ринг.

Пред да го победи Џошуа во реваншот, Усик беше второрангиран. Ринг, исто така, одлучи да го прогласи Усик како шампион на магазинот во тешка категорија, преземајќи ја тиулата од Тајсон Фјури.

Тајсон испадна од Топ 10 боксери во тешка категорија на Ринг поради тоа што неодамна објави дека се пензионира. Тајсон е подготвен да се соочи со Усик во борба за неприкосновената титула во тешка категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО