Дионтеј Вајлдер полесен 11 килограми за борбата со Роберт Хелениус

Дионтеј Вајлдер симна речиси 11 килограми за борбата со Роберт Хелениус во споредба со последната борба во неговата трилогија со Тајсон Фјури.

Бронзениот бомбардер в недела (околу 05:00 часот по македонско време) рано наутро ќе се соочи со скандинавецот. Победникот од овој долгоочекуван дуел ќе стане официјален претендент за титулата во тешка категорија на Светскиот боксерски совет.

Вајлдер на официјалното мерење тежеше 97,3 килограми, додека Хелениус се очекуваше да биде значително потежок со 114,9 килограми.

Американецот ќе ја бара својата 43. професионална победа и враќање на врвот на „кралската дивизија“, додека Хелениус има 30 победи (19 со нокаут) и 3 порази.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО