Македонски карате ветерани на гробот на легендата Димче Кичевски: Не сме те заборавиле!

Истакнати македонски карате ветерани го посетија гробот на легендата на македонското карате Димче Кичевски и положија цвеќе со посвета „Не сме те заборавиле“!

Денот на посетата, 17 септември, е избран бидејќи тогаш во далечната 1967 година во склоп на Џудо федерацијата на Македонија под раководство на Сејдо Теофиловски е одржан првиот официјален тренинг по карате од кој тече историјата до денес.

На великанот на македонското карате се поклонија Стевче Јаки мовски, Назим Куртовиќ, Исмет Мехмети, Сејдо Теофиловски, Димче Јанковски, Јордан Савевски, Евстратиус Туранидис, Драги Колевски, Александар Караѓозов и Венцислав Недев.

Нашиот карате великан е испочитуван со самурајскиот кодекс, иако меѓу нив имало ривалство на татамито и различни мислења за развојот на каратето.

„Му дадовме заслужен респект, за разлика од официјалните институции кои не покажаа никаков слух да си ги почитуваат своите великани“, велат истакнатите карате ветерани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО