Дионтеј Вајлдер: Милер не го знаат ниту во неговиот град, да дојдеше Џошуа да се бори со мене ќе настанеше целосно лудило

Дионтеј Вајлдер не е премногу импресиониран од следниот противник на Ентони Џошуа.

На 1 јуни, AЏ ќе ги брани ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО титулите во тешка категорија во Њујорк на 1 јуни, против непоразениот домашен боксер Џарел Милер.

Вајлдер, кој до неодамна и самиот беше во таа позиција, вели дека Милер е прилично непознат и во неговиот град.

„Џарел се уште е непознат борец во Америка. Да, Џарел е од Бруклин и сите тие работи, ама не го знаат и во неговиот град. Тој не име што е создадено на тој пазар, па дури и Ентони Џошуа не е премногу познат овде во Америка“, изјави Вајлдер за Ток спорт.

„Луѓето кои знаат, знаат за 50 милиони американски долари што ги одби за борба со мене, знаат за понудата од 15 милиони долари што ми ја даде на мене и зошто не дојде борба. Мислам дека навивачите нема многу добро да го прифатат тоа, но ќе видиме“.

„Не мислам дека ќе се добие исходот што го посакува. Знам дека тие очекуваат Англичаните да дојдат тука и да му дадат голема поддршка, но тоа не треба да биде така. Да ја направеше вистинската работа и ја прифатеше борбата и речеше дека доаѓа да се бори со Дионтеј Вајлдер исход би бил целосно лудо“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО