Филип Хрговиќ потпиша за Мечрум боксинг

Филип Хрговиќ потпиша договор со Мечрум боксинг кој заедно со Зауерланд ќе ја води неговата кариера.

Непоразениот хрватска тешкаш му се придружи на тимот на Еди Херн, каде што се и светскиот шампион Ентони Џошуа и Дилиен Вајт, а соработува и со Александар Усик, Џарел Милер и Дерек Чисора.

„Многу сум среќен и почестен што мојот промотор на Тим Зуерланд ќе соработува со Мечрум боксинг, Скај спорт и ДАЗН“, рече Хрговиќ.

„Мојата цел е да станам светски шампион и да ги држам сите појаси во тешка категорија. Знам, за да станам најдобар, мора да ги победам најдобрите. Волен сум да се борам со којбило тешкаш. Се радувам што ќе учествувам во големи борби во светот и да и покажам на навивачите што може Филип Хрговиќ“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО