Дионтеј Вајлдер: Џошуа ќе го победи Тајсон Фјури

Поранешниот светски шампион во тешка категорија, 36-годишниот Американец Дионтеј Вајлдер (42-2-1, 41 КО) изрази мислење дека Британецот Ентони Џошуа може да го победи сонародникот Тајсон Фјури. Во изминатиот месец Фјури не престана да ја посакува борбата со Џошуа.

Двајцата би се бореле во една од најголемите битки во британската историја. За жал, Џошуа го одолговлекуваше потпишувањето на договорот, а Фјури ја прогласи борбата за пропадната. Во последно време пак се зборува за нивен дуел, а Вајдлер смета дека Ентони ќе победи.

„Мислам дека борбата ќе заврши со нокаут во настапот на еден од нив. Мислам дека Џошуа може да го победи, иако разбирам дека некои можеби мислат дека тоа е лудост.

Но, искрено, навистина го гледам Џошуа како ја добива оваа борба. Но, мора да ја направи вистинската работа. Не треба да размислува премногу, а размислува премногу. Покрај тоа, тој силно се сомнева во себе.

Но ова е мое мислење, само од страна ја гледам ситуацијата. Не го чувствувам убиствениот инстинкт во него. А менталната доверба е најважната работа во нашиот бизнис“, изјави Вајлдер за Токспорт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО