Конор Мек Грегор за малку ќе го нокаутираше спаринг партнерот (ВИДЕО)

Конор Мек Грегор тренира се повеќе и посериозно за неговото враќање во борбите. Големата ѕвезда на УФЦ се повреди минатата година на мечот против Дастин Пориер.

Мек Грегор ја скрши ногата во јули минатата година и заврши на операција. Веднаш се виде дека е на долго закрепнување, но најтешките денови останаа зад него.

Конор веќе неколку месеци тренира со зголемен интензитет и наскоро би можел да се врати во октагонот.

А за тоа сведочат и бројните снимки од тренинг кои Мек Грегор или некој од неговите пријатели ги објавува на социјалните мрежи.

Неодамна беше објавено видео од тренингот на Конор во борење.

На интернет се појави и снимка од неговиот ММА тренинг. Имено, Мек Лајф на својот канал на Јутјуб објави видео од спарингот на Конор на кој тој со левата рака го затресе противникот.

Во видеото можете да ги видите класичните комбинации на удирање на Конор кога на десниот директ поврзува ударот со левата рака во телото.

Конор ја користи и левата нога што ја скрши против Пориер. А каков беше тренингот погледнете во видеото:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО