Димитар Ѓоргиев славеше во Сараево, појасот и наградата за Новак Радуловиќ (ФОТО)

Димитар Ѓоргиев (-80 кг) синоќа го совлада Жељан Јешиќ од Хрватска во Суперфајт мечеви по К-1 правилата на Сараево фајт 3, а Милан Кубин (-90 кг) со одлука на судиите загуби од Бахрудин Махмиќ (Б и Х).

Бобан Илиоски на турнирот на осумината во К-1 во категоријата до 72 килограми е поразен од Чедо Пантиќ од Босна и Херцеговина, кој во полуфиналето се сретна со Новак Радуловиќ (Србија), но поради повреда мораше да ја предаде борбата. Во второто полуфинале Харис Бибер (БиХ) со 2-0 го совлада Гркот Леван Гурили.

Бибер тргна агресивно во првата рунда, но доби незгоден удар и мораше да ја прекине борбата поради повреда. Новак Радуловиќ го освои појасот на Сараево фајт 3 и паричната награда од 1.500 евра.

Во професионалниот бокс меч меѓу Селма Балтиќ со едногласна одлука на судиите ја победи  Катарина Виштица.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО