Одредени патниците за Светското карате првенство во Тенерифе

 

Извршниот одбор на Карате федерацијата на Македонија (КФМ) го утврди списокото за Светското првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21година од 25 до 29 октомври во Тенерифе, Шпанија.

Како по обичај, информациите од КФМ доаѓаат по заобиколен пат, што е спроитивно на сите пракси и логики за афирмација на спортот.

Од друга страна, радува информацијата од КФМ која сама си ги прекрши донесените правила за финансирање на репрезентацијата, односно трошоците за транспорт и сместување на националниот тим  ќе ги подмири Федерацијата, а не како што претходно беше утврдено клубовите да си плаќаат т.е. репрезентативците ако не исполниле одредени критериуми.

Сепак КФМ си прекрши друг став во однос на патниците, според кој ако некој каратист е дисквалификуван на Државното првенство или Плеј-офот нема право да учествува на ЕП или СП. Но, за сите неправилности во нареден текст, а критикте вродија со плод, за доброто на карате спортот.

Ова се патниците за СП во Тенерифе – Шпанија, место кое е од големо значење за македонското карате, бидејќи во 2005 година е освоен првиот сениорски медал во незавсина Македонија, односно бронзата на женскиот ката тим – Симона Тасевска, Тамара Рибарска и Ивана Димитрова.

Аврамова Владанка – Урбан инвест ката -кадети ката тим
Неделковски Александар – Металург ката-кадети
Камческа Киријана – Ронин ката-јуниори
Димоска Маријана – Ронин ката- У-21
Милева Марија – Олимпик кадетки -47
Халими Дритон Фати кадети -52
Свинарски Марио – Олимпик кадети -57
Стојановски Христијан – Олимпик кадети -63
Мишачковски Иво – Металург кадети -70
Манговска Драгана – Металург јуниорки -53
Гафури Вјолца – Фати јуниорки-59
Симовска Симона – Тигар 2003 јуниорки +59
Смилковски Столе – Олимпик јуниор -55
Весели Фаик – Олимпик јуниор-61
Ацковски Роберто – Металург јуниор-68
Несторовски Филип – Металург јуниор-76
Мурати Вегим – Шкендија јуниор+76
Пендаровска Моника – Макпетрол У-21 -55
Костовска Вероника – Кеикс У-21 -61
Мојсовска Ангела – Макпетрол У-21 -68
Петков Давид – Металург У-21 -60
Илиевски Димитар – Ботони У-21 -67
Заборски Петар – Макпетрол У-21 -75
Спасеновски Петар – Металург У-21 -84
Ќосовиќ Семир – Металург У-21 +84
Васиќ Јован – Гладијатор ката тим
Димитријевски Христијан – Гладијатор ката тим
Бановски Георги – Гладијатор ката тим
Муфтарова Ивона – Урбан инвест ката тим
Маневска Миа – Урбан инвест ката тим.

Ipon.mk/В.Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО