Еди Шерифовски е на чекор до полуфиналето на Светското првенство во Чиле

 

Еди Шерифовски (- 73 кг) извојува две победи на Светското првенство за кадети во Чиле, сега е решавачката битка за влез во полуфиналето со Мароканецот Ајман Елхусаини.

Шерифовски во првата борба славеше со ипон против Лик Вокер од Тринидад и Тобаго,а потоа и над Абјалај Уетов од Азербејџан, исто така со ипон.

Вчера Арбреша Реџепи (-48 кг) беше од фаворитката Аико Ватанабе од Јапонија со 1 ипон и 1 вазари, а Хамза Јашари (-66 кг) загуби со вазари од Молдавецот Петру Пеливан.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО