Димитар Ѓоргиев: Ќе има и четврта светска титула за Македонија!

Димитар Ѓоргиев е во можност да постави рекорд на светските првенства во кик бокс со четврт последователен златен медал на Светското првенство во Будимпешта, Унгарија, од 6 до 11 ноември во дисциплината кик лјат до 74 килограми. И не само тоа, тука и рекорд во независна Македонија, нешто што на никој од рака не му тргнало.

„Ќе има титула и повторно ќе биде во Македонија“, самоуверено вели светскиот шампион Димитар Ѓоргиев!

Што ќе значи тоа за Ѓоргиев, бидејќи станува еден од најголемите шампиони на Македонија.

„На мене лично многу ми значи! Имам ретка шанса да направам голем резултат и сакам да ја искористам најдобро што можам“!

Тој вели дека подгодтовките му биле напорни и тешки, но се чувствува подготвено.

„Едвај чекам да дојде првенството“.

Ѓоргиев светските титули ги освои во 2011, 2013 и 2015 година. Светското прежвенство се одржува на две години …

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО