Македонија четврта репрезентација на Балканското првенство, се враќаме со три медали (ФОТО)

Македонија е четврта репрезентација на Балканското првенство за јуниори во Бурса, Турција.

Нашата селекција во борбата за бронзениот медал загуби од Романија, а во полуфиналето сме поразени од балканскиот првак Турција.

Успехот ќе беше потполн ако и во екипен пласман освоевме медал. Освоивме три медали – 2 сребрени и еден бронзен. Со сребра се закитија Елмедин Сејфулаху и Минир Реџепи, а Рамадан Мустафовски со бронза.

Тренерите Седат Бафтија и Назми Али, како и водачот на екипата Игор Мицевски, треба да бидат задоволни од постигнатиот резултат.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО