Џошуа: Усик е повеќе од добредојден да се обиде да ги земе појасите од моите раце

Ентони Џошуа веќе планира пресметка со другиот задолжителни предизвикувач Александар Усик.

Двократниот светски шампион во тешка категорија најпрво напролет треба да се бори против Кубрат Пулев.

„Го Имам во предвид Пула за крајот на март или почетокот на април. Навистина достоен противник, кого ќе го пронајдам и уништам. Единствениот пораз што го претрпе беше од големиот, голем шампион Владимир Кличко. Кличко мораше три пати да го руши, што покажува дека се работи за цврст борец. Потекнува од боксерско семејство. И неговиот брат е боксер. Знае што прави. Има одличен преден директ, се наведнува наназад за да остане надвор од дометот, има сличен стил како Тајсон Фјури“.

 Право на борба полага и предизвикувачот на ВБО Усик, а Џошуа се надева дека ќе успее да договори Украинцот да почека и да не ги форсира Британците да ја ослободи титулата.

Ако тој се откаже од којбило појас, се претпоставува дека тоа ќе биде ВБО, за да му отвори борбата за титулата на уште еден боксер на Мечрум, Усик.

„Тој многу добро ги користи нозете и добро ги позиционира рацете. Не можете да го погодите, бидејќи така добро се движи. И кога ќе го дофатите ударите само се очешуваат на ракавиците“, вели Џошуа.

„Она што би го направил е она што веќе го правев. Би го простудирал – од работата на нозете, држење на рацете до отворање. Тогаш би отишол кај луѓето што се бореа против него и би побарал информации за тоа како да го победам“.

Усик е поранешен неоспорен шампион во леснотешка категорија. Олимпискиот победник од 2012 година е непоразен како професионалец, а во дебито во тешка категорија го победи Чаз Витерспун.

„Усик е одличен леснотешкаш кој се крена да за се испроба со големите момци. Тој сè уште ја истражува категоријата, но ако сака парче од големата торта и е повеќе од добредојден да се обиде да ги земе појасите од моите раце“.

Украинецот има и друга опција, а тоа е меч со Дерек Чисора.

„Ако е можно да одработи уште една борба и да не чека 6 месеци, мислам дека Чисора би бил добар противник за Усик“, рече неговиот менаџер Егис Климас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО