Адриен Бронер мора да плати 830.000 долари на жената која ја нападна

Бронер мора да плати 830.000 долари на жената што ја нападна.

Адриен Бронер – Проблемот уште еднаш се најде на суд.

Поранешниот светски шампион во четири тежински категории мора да плати скоро 830.000 американски долари отштета на жената што ја нападна во ноќниот клуб во Кливленд во 2018 година.

Во граѓанска постапка судијата досудила дека боксерот мора да ја плати наведената сума во која се вклучени и адвокатски такси.

Адвокатската фирма што ја претставува тужителката објави дека Бронер не ја оспорува тужбата, а и не се појавил ниту на сослушувањето.

„Се надеваме дека оваа пресуда ќе го научи Адриен Бронер да си ги држи рацете приберени“, рече адвокатката Ешли Кас Слетволд.

30-годишен Американец беше уапсен за груб сексуален напад и незаконско задржување на личност.

Бронер се спогодил за неговите да се преквалификуваат во прекршочни, а не во кривични.

Жртвата во изјава за полицијата во Кливленд изјави дека таа била во Парк сошл клубот по четвртиот натпревар од финалето во НБА доигруваето во 2018 година. Додека седела во ВИП-одделот на клубот, жена и нејзината пријателка изјавија дека Бронер се појавил од никаде, легнал на неа и почнал силно да ја бакнува. Откако ја ослободил, жената го напуштила клубот и отишла во полиција.

Адвокатот на Бронер првично ги негираше нејзините обвинувања, но рече дека боксерот се согласил на спогодба да се стави крај на приказната околу инцидентот.

Бронер последен пат се бореше во јануари кога загуби со едногласна одлука од Мани Пакијао.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО