Џошуа: Подготвен сум за Вајлдер, ќе ги нокаутирам еден по еден

Двократниот светски шампион Ентони Џошуа ги отфрли тврдењата на Дионтеј Вилдер, кој рече дека не гледа како ќе се спроведе обединувачкиот меч и навивачите не се надеваат на тој спектакл. АЏ објави дека е подготвен за таква средба и дека нема никакви проблеми.

„Подготвен сум. Си ги вратив шампионските појаси и подготвен сум да се сретнам со него. Сепак, не гледам премногу во иднината, затоа што ме одвлекува од сегашноста и она што ме чека. Одам чекор по чекор, но кога ќе дојде време, ќе бидам подготвен“, изјави Ентони Џошуа за Скај спорт.

Ентони Џошуа имаше прилично сензационално откритие, признавајќи дека има здравствени проблеми пред првиот меч со Енди Руиз, кој загуби на …

 „Ќе ги нокаутирам еден по еден и кога големите момци ќе бидат подготвени, ќе бидам подготвен и ќе станам апсолутен шампион. Навистина сакам да се случи тоа“, додаде тој.

Пред тоа Џошуа ќе има уште неколку борби, при што првата се очекува да биде против Кубрат Пулев во март.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО