Конор Мек Грегор сака борба со опасниот Масвидал

Изгледа дека Конор Мек Грегор го впери прстот во Хорхе Масвидал, доколку во јануари Ирецот успее да го победи Доналд Цероне.

Информациите доаѓаат од претседателот на УФЦ, Дана Вајт, која не ја отпишува можноста за реванш следната година меѓу Мек Грегор и Хабиб Нурмагомедов.

„Конор ми рече дека дефинитивно сака да се бори против Масвидал, но ќе видиме што ќе се случува“.

Мек Грегор ќе го направи своето долгоочекувано враќање на 18 јануари против Цероне, по околу една година одмор откако загуби од шампионот во лесна категорија Нурмагомедов.

Сепак, Вајт гледа и сценарио за реванш со Хабиб.

„Пред тоа треба да се случат неколку работи. Тој мора да го победи Цероне, што ќе биде многу тежок меч за него.

Хабиб мора да го победи Тони Фергусон. Ако се случат и двете работи, тогаш може да направиме реванш.

Мек Грегор би ја прифатил оваа борба. Многу ја сака. Тоа ќе биде меч од највисока класа во историјата на спортот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО