АктуелноБоксОстанато

Почина боксерската легенда Звонко Вујин

Легендата на југословенскиот бокс, олимпиецот Звонимир Вујин почина на 76 години, јавуваат српските медиуми. Тој последните години од животот го поминал во родниот Зрењанин.

Звонко Вујин на Златен гонг во Скопје со Марјан Спасевски и Живко Дуковски

Вујин на Олимписките игри во 1968 година кои се одржаа во Мексико Сити освои бронзен медал во лесна категорија. Овој успех тој го повтори и четири години подоцна во Минхен во полувелтер категорија.

Погребот ќе биде одржан утре во Зрењанин.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON