Џошуа: Може со Фјури на Вембли. За најдовар во Британија

Ентони Џошуа останува заинтересиран да се бори против ривалите во тешка категорија.

Откако во јуни го доживеа првиот пораз во кариерата од Енди Руиз во Њујорк и остана без појасите на ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО, 29-годишниот Британец верува дека на 7 декекмври во Саудиска Арабија ќе му се реваншира на Мексиканецот и по втор пат ќе се искачи на тронот во тешка категорија.

„Може Фјури на Вембли. За најдобар во Британија. Тоа е огромна борба. Ќе видите“, рече во интервју за Скај спорт.

„Сè уште сум 100 проценти заинтересиран да се борам со сите. Тоа е како да прашате фудбалски тим дали сакаат да играат против ривалите, секако дека сакаат. Во иста категорија сме во иста ера. Сите имаме име во тешка категорија и тие борби би биле огромни “.

„Би сакал да се борам со Вајлдер, би сакал да се борам со Фјури. Прво доаѓа Енди Руиз Јуниор. Списокот продолжува, ги има толку многу што би сакал да се борам со нив“.

„Ова беше патување со многу подеми и падови, од аматер до професионалец. За време на тој процес, стекнував искуство што ме доведе до овој момент во мојот живот“.

Откри дека е огромен обожавател на серијата „Наркос“ и дека кога е на пат сака да игра фудбал, а кога игра ФИФА на игрчката конзола неговиот тим е Реал Мадрид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО