Ален Амедовски вечерва има втор настап во УФЦ

Ален Амедовски вечерва на УФЦ настанот во Данска во средна категорија ќе се бори против Велшанецот Џон Филипс.

Амедовски во дуелот влегува со серија од 8 победи и само еден пораз, токму на неговото деби во УФЦ, додека поискусниот Филипс има 21 победа на 30 УФЦ борби. Борбата ќе се одржу во Копенхаген.

Ова е прва борба за Амедовски по пауза од 5 месеци од последниот дуел и поразот со судиска одлука од Полјакот Јотко, бидејќи Амедовски беше суспендиран. И Филип пред 6 месеци во својата последна борба беше поразен. Но, Велшанецот е во серија од три последователни порази во профи-кариерата и се уште нема победа во УФЦ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО