Џон Фјури: Син ми ќе го нокаутира Кличко во 10-тата рунда

Fjuri vika so pojasi

Џон Фјури, татко на светскиот шампион во бокс во тешка категорија на три федерации, Тајсон Фјури, е убеден во новата победа на својот син во реваншот со Владимир Кличко.

„Овој пат се ќе биде поедноставно. Не знам дали се обложувате, но, ако да, ставете пари на победа на Тајсон со нокаут во 10-тата рунда. Сѐ е психологија, го знаеме Кличко. Освен тоа, знаеме како боксира, па овој пат на Тајсон ќе му биде полесно“, рече Џон Фјури.

Реваншот е на 9 јули во Манчестер. На 28 ноември 2015 година во Дизелдорф, Тајсон Фјури победи на поени со едногласна одлука на судиите и му ги одзеде четирите светски титули во тешка категорија – ВБА, ВБО, ИБО и ИБФ на Украинецот. Подоцна Фјури беше лишен од титулата на ИБФ поради одбивањето да боксира со задолжителниот предизвикувач, Вјачеслав Гласков од Украина.

Британецот најави дека ќе ја заврши кариерата по мечот со Кличко.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО