Силата на волјата: Босанец со ампутирана нога е светски првак во мај тај! (ВИДЕО)

Senaid-Salkičević

Многу од нас не слушнале за името Сенаид Салкичевиќ, но станува збор за момче кое постигнува неверојатни успеси, гледајќи го како се бори против здрави луѓе со протеза на едната нога.

Сенаид ја изгубил ногата во родниот Тешањ, за време на војната во Босна и Херцеговина, кога граната го оставила инвалид и го убил неговиот татко, а по тие ужасни случувања, свјот живот го продолжува во Германија. Денес, таму е еден од најуспешните мај тај борци, а во Романија ја освои светската титула.

“Многумина ме гледаат како многу лесен противник. Кога ме повикуваа на Светското првенство во Романија ме гледаа како жртва, но доживеаја изненадување. Се вратив со светски шампионски појас“, рече Сенаид за Аваз.

Од неодамна Сенаид е и тренер, но нема намера да ја занемари својата успешна кариера, во која покажа како со силна волја може да се урнат сите бариери. Додаде нешто и во врска со идните предизвици:

„Не се запоставив ниту себе, па така со мојот тренер, Дино Змикиќ од Сараево, се подготвувам за голем спортски спектакл, кој уште повеќе ќе ме зацврсти во светот на најдобрите во тајландскиот бокс и кик боксот. Се разбира дека сето ова не може да го постигнам ако немам луѓе покрај мене кои се подготвени да ми помогнат како спонзори, но, за среќа, во Германија постојат голем број на успешни бизнисмени од БиХ, кои се подготвени да ми излезат во пресрет. За септември подготвувам голема спектакл во Германија и се надевам дека тогаш тоа ќе има многу Босанци и Херцеговци кои ќе дојдат да ме поддржат“.

Под текстот погледнете како изгледа Сенаид во она што го работи најдобро.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО