Митров и Нуров сигурни, Данов отпаѓа, четворица борачи конкурираат за две места за Истанбул

Dejan-Mitrov-vo-akcija

Иако Обединетото светско борење (UWW/ОСБ) го објави списокот на пријавени борачи во олимписките категории, на кој има шестмина македонски репрезентативци, од канцеларијата ФБСМ велат дека е испратена само бројка, а не и имиња. До објавувањето на текстот не беше решено кој ќе биде четвртиот борач.

Nurov-Radoslav Polska 4-2 OI Zrrenjanin

Сигурни места за квалификацискиот турнир во Истанбул, Турција, имаат Дејан Митров (65 кг) и Могамедгаџи Нуров (97 кг), за преостанатите две се размислува меѓу Лабазан Аскербиев (57 кг), Халил Зубаиров (86 кг), Елмедин Сејфулаху (57 кг) и Јасин Реџелари (65 кг).

dejan mitrov danov i rusinot

Од списокот, според ОСБ, отпадна Данов, иако се е можно до мерењето на 7 мај. За Аскербиев ќе се одлучи ако сминал килажа. Секоја земја има право да пријави само четворица борачи во слободен стил

Да потсетиме дека само финалистите од секоја категорија ќе го комплетираат списокот на олимпискиот турнир во борење на Олимписките игри во Рио де Жанеиро, Бразил (5-21 август).

Да истакнеме дека Реџалари, Митров и Данов се олимписки стипендисти, на кои Македонскиот олимписки комитет им обезбедуваше по 800 американски долари за подготовки. Борачи најчесто се подготвуваа Тетевен, Бугарија, како дел од соработката со ОБС-Европа и нејсиниот претседател Цено Ценев.

Билансот од досегашните квалификациски турнири покажува дека Данов не оставри ниту една победа – СП 2015, во Лас Вегас, САД, и во Зрењанин, Србија, пред еден месец. Реџелари ќе се обиде, нормално, ако добие шанса, во олимписка категорија – до 65 кг, бидејќи тој настапуваше -61 кг, која е неолимписка). Митров имаше проблеми со тежината и со повредите, и во Лас Вегас настапи во неолимписката категорија до 70 кг, преместувајќи се во последен момент. Сејфулаху би дебитирал на еден ваков турнир.

Zubairov so site na tron

Натурализираните Македонци, кои се подготвуваа во родниот Дагестан, пред се со руската репрезентација – Аскербиев во Зрењанин имаше само една победа, а потоа беше елиминиран во 1/8 финалето, а на СП не учествуваше. Нуров во Зрењанин во првото се сретна со Полјакот Радослав Баран, кој победи во оваа категорија, а во репасажот го освои бронзениот медал, но финалистите влегуваа во олимписката квота. Наредната недела во Монголија, Нуров ја предаде борбата против Романецот Василе Влад Караш, иако се сметаше дека има поволен жреб. Вардарецот Зубаиров, по подолго време се враќа на душекот, а минатата година на ЕП во Полска за У-23 го освои бронзениот медал, по подолга пауза тоа беше прв трофеј за Македонија. Но,минатата година во престрелка во родниот град Махачкала, Дагестан – Русија. Тој доби дозвола од лекарите за тренинзи.

Се ќе се знае на 8 мај, кога се натпреварите во слободен стил, бидејќи претходните денови се средбите за жените и борачите во грчко-римски стил.

На СП во САД билансот на нашите борачи беше 45-1, а освоениот поен беше поради казна!

Во слободе стил олимписки категории се до: 57, 65, 74, 86, 97 и 125 кг, иако порано беа повеќе. Ова се направи за да се спаси борењето од исфралње од олимписката програма.

На последните Олимиски игри 2012 гоидна во Лондон нашата земја немаше претставник во борењето, што е преседан по 40 години редовни учества на Олимписките игри. Ова беше голем удар за најтрофејниот спорт.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО