Џон Џонс стана носител на лилјаков БЏЏ појас (ВИДЕО)

Шампион за полутешка категорија на УФЦ и се смета за еден од најголемите борци во историјата на спортот, Jон Џонс, сега официјално е носител на лилјаков појас во бразилско џиу џицу.

https://www.instagram.com/p/B5y39ZCFFYO/?utm_source=ig_embed

Џонс го промовираше професорот Роберто Аленчар, инструктор во Грејси Бах и четирикратент светски шампион но-ги во најголемата и најпрестижната организација, ИБЏЏФ. Промоцијата на Кокала дојде по повеќе од две години тренинг како син појас во БЏЏ.

„Голема чест е. Многу долго време не сум се чувствувал така. Ви благодарам, Грејси Бах!“, изјави Џонс на социјалните мрежи.

Покрај промоцијата на Џонс, Аленкар го промовира борецот на Белатор Арон Пико во сини појас.

https://www.instagram.com/p/B5yq39_JNb8/?utm_source=ig_embed

„Заслужен, а не е даден. Благодарам за синиот појас“, извика Пико.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО