Џошуа сака голем спектакл со Пулев во март

Британскиот боксер Ентони Џошуа, кој во саботата вечер си ги врати светските титули од Енди Руиз во Саудиска Арабија, е носталгичен за својата татковина и сака во март да се бори на домашен ринг.

Тој претпочита да се соочи со Дилиен Вајт, но според соопштенијата за печатот на Островот, многу поверојатно е во рингот да биде задолжителниот предизвикувач за титулата на ИБФ, Кубрат Пулев.

„Тоа би било мега искуство. Цела година се борам надвор од земјата и би било убаво да дишам воздух. Сакам да се радувам со моите фанови во Велика Британија кои одиграа огромна улога во мојата кариера. Секој пат кога се борам во мојата земја, победувам.

Само погледнете колку луѓе дојдоа на мечот во Саудиска Арабија. Ова покажува дека за тешка категорија сè уште има голем интерес. Сакам да излезам да ги бранам моите светски титули во мојата земја. Подобро би било да се борам со Британец, но ако нема таква шанса, тогаш ќе ги следам правилата за официјалните предизвикувачи.

Повторно почнувам да работам, затоа што околу март ќе ги бранам титулите. Веќе се фокусирам на мојата следна борба“, изјави Ентони Џошуа за „Сан“.

Веќе станува јасно на која аренат ќе се одржи големиот настан – најверојатно, тоа ќе биде новиот стадион на Тотенхем со капацитет од 60.000 гелдачи.

„Новиот стадион на Тотенхем е прекрасно место за бокс меч на слично ниво и сигурно ќе го сметаме за опција. Мојот телефон е прегреан со предлози за следниот меч на Џошуа. Луѓето ми велат: „Доведи го овде, доведи го овде“. Секој го виде тоа што го направивме во Саудиска Арабија и имаме многу други опции, но ЕЏ сака повторно да се бори во Велика Британија. „Спарси“ се многу заинтересирани да бидат домаќини на реваншот на Енди Руиз, но работите со датумите не се поклопуваат. Сега повторно се многу ентузијасти“, рече промоторот Еди Херн.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО