Единаесет медали за македонските кадети на Балканското првенство во борење

Во конкуренција на кадети македонските борачи на Балканското првенство во борење во  У-15 и У-17 во Серес, Грција, освоија 11 медали – 2 златни, 4 сребрени и 4 бронзени.

Златните медали се за 55кг Стефан Стојков (-55 кг) и Ангела Трајковска (-40 кг).

Со сребра се закитија Меди Бислими (-110 кг), Омер Мемеди (-80 кг), Мухамед Весели (-51кг) и Ристе Ставрев (-42 кг).

Бронзите ги освоија: Марија Цветанова (-53кг), Елена Дејскоска (-43 кг) Стојанче Стојков (-55 кг), Илија Атанасов (-92 кг) и Рубен Модосјан (-80 кг).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО