Симоновски освои сребрен медал, а Јовановска борнзен на Меѓународниот таеквондо турнир „Тирана опен“

Христијан Симоновски освои сребрен медал, а Сара Јовановска борнзе на Меѓународниот таеквондо турнир „Тирана опен“ од Е1 серијата на кој се собираат бодови за светската и европската ранг листа.

Натпреварот беше во кадетска и јуниорска конкуренција со учество на околу 250 најдобри борци од Балканот.

Таеквондо клубот Младост настапи со 3 натпреварувачи во јуниорска конкуренција(14-17 години).

Христијан Симоновски (јуниори до 59 кг) до сребрениот медал стигна со победа над натпреварувачи од Грција и  Албанија и доживеа тесен пораз во финалето од таеквондист од Албанија, кој е број 1 на светската ранг-листа

Сара Јовановска (јуниор до 52 кг) славеше против натпреварувачка од Грција, а во полуфиналето, исто така со Гркинка, беше тесно поразена во последните секунди. Натпреварувачката од Грција го освои златниот медал.

Давид Божиновски (јуниор до 68 кг) покрај одлично изработената борба, за жал, не успеа да го победи натпреварувачот од Италија и остана без пласман.

„По завршувањето на овој натпревар, се одржа и регуларно натпреварување за сите категории, каде учествувавме со Давид Петковски (пионер до 30 кг) кој се закити со сребрен медал. Со ова освоивме нови бодови на светската и европската ранг листа“, вели тренерот Стефан Миленковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО