Деметриус Џонсон го изедначи рекордот на УФЦ по бројот на одбрана на титулите (ВИДЕО)
Деметриус Џонсон го изедначи рекордот на УФЦ по бројот на одбрани на титулата.
Мајти маус со армбар во третата рунда во Канзас Сити го победи Бразилецот Вилсон Рајс и 10-ти пат ја одбрани титулата во мува категорија, а се изедначи по бројот на одбрани со поранешниот шампион во средна категорија Андерсон Силва.
https://youtu.be/bw8iUpRVGIM
Роберт Витакер со технички нокаут во втората рунда го порази Жакар Соуза и ја забележа седмата последователна победа. 26-годишниот Австралиец го затресе бразилескиот ветеран со висок удар и удари во партер по што судијата ја прекине борбата.
https://youtu.be/7CjQdb5iUZo
https://youtu.be/HmKsS9zN6iA
Поранешниот шампион на Белатор во тешка категорија, Александар Волков, со едногласна одлука го победи Рој Нелсон. Биг кантри изгуби 7 од последните 10 борби.
https://youtu.be/pbVq0CqWF3U
Роуз Намахујњас со сабмишн ја совлада Мишел Ватерсон и избори меч за титулата во сламка категорија.
https://youtu.be/KiV2AycOJ3c
Деметриус Џонсон и Роберт Витакер добија по 50.000 американски долари бонус за изведба на вечерта, додека Тим Елиот и Луис Смолка со истата сума се наградени за борба на вечерта.
https://youtu.be/O5JDCHbOCi8
https://youtu.be/Tq5gmsWkYRM
УФЦ на Фокс 24:
Деметриус Џонсон – Вилсон Рајс (сабмишн, армбар, Р3)
Роуз Намахуњас – Мишел Ватерсон (сабмишн, давење од позади, Р2)
Роберт Витакер – Роналдо Соуза (ТКО, Р2)
Ренато Моикано – Џереми Стивенс (поделена одлука , 29-28, 28-29, 29-28)
Александар Волков – Рој Нелсон (едногласна одлука, 30-27, 30-27, 30-27)
Том Дуквесони – Патрик Вилијамс (КО, Р2)
Рашид Магомедов – Боби Грин (поделена одлука, 29-28, 28-29, 29-28)
Тим Елиот – Луис Смолка (едногласна одлука, 30-27, 30-27, 30-27)
Аљамеин Стерлинг – Аугусто Мендес (едногласна одлука; -28, 29-28, 29-28)
Девин Кларк – Џејк Колиер (едногласна одлука, 30-27, 30-27, 30-26)
Ентони Смит – Андреј Санчез (КО, Р3)
Зак Камингс – Натан Кој (сабмишн, гилотина, Р1)
Кетлин Виеира – Ешли Еванс-Смит (едногласна одлука, 29-28, 29-28, 30-27)




