Индонго убедливо го победи Барнс и ги обедини титулите на ВБА, ИБФ и ИБО (ВИДЕО)

Џулиус Индонго (22-0, 11 КО) уште еднаш патуваше на гостински терен и дома се врати како победник.

34-годишниот левак од Намибија со убедлива одлука на судиите во Глазгов го победи Рики Барнс (41-6-1, 14 КО) и ги обедини ВБА, ИБФ и ИБО светски титули во полувелтер категорија.

Судиите борбата ја бодуваа 116-112, 118-110 и 120-108 за Индонго.

Теренс Крафорд ги држи ВБЦ и ВБО насловите во оваа категорија и пред борбата изјави дека е заинтересиран за меч со победникот.

https://youtu.be/rY9CzFvbjOI

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО