Уште едно големо признание за нашиот светски карате судија, Милошевски кој живее и работи во САД. Неговиот континуиран успех и успешното промовирање на Македонија во САД и во светот преку каратето му го донесe најголемото признание оваа година од конзулатот на Македонија во Чикаго, САД. Му беа доделени сертификати за благодарност и признание за македонски карате амбасадор.
Овие сертификати следат затоа што Дејан позади себе има огромни резултати за кои претходно пишувавме а подолу ќе спомнеме неколку од нив
карате проект со паркинсонова болест, https://ipon.mk/dejan-miloshevski-chobacho-go-svrte-vnim/
член на велнес тимот при Нортвестерн универзитетот, – https://ipon.mk/dejan-miloshevskichobacho-velnes-shampion-na-nortvestern-univerzitetot/;
единствен македонски карате претставник во САД – https://ipon.mk/makedonskiot-karateambasador-i-svetski-sudija-dejan-miloshevski-ja-osvojuva-amerika/
https://ipon.mk/dejan-miloshevski-del-od-svetskata-karate-sudiska-elita-vo-sad/
https://ipon.mk/dejan-miloshevski-go-odrzha-prviot-kata-seminar-vo-chikago/
https://ipon.mk/dejan-miloshevski-dopatuva-vo-budimpeshta-od-sad-na-sp-vo-karate-informira-zanovite-pravila/;
континуираните успеси со неговиот клуб – https://ipon.mk/zlaten-i-bronzen-medal-za-dejanmiloshevski-na-drzhavniot-shampionat-na-sad-foto/
https://ipon.mk/karatistite-na-miloshevski-marshal-arts-osvoija-38-medali-na-fonseka-kupot-vochikago/.
„Оваа цела година во континуитет бев навистина фокусиран да го дадам максимумот и да направам големи спортски резултати. Покрај тоа успеав да бидам присутен и на сите поголеми интернационали натпреварувања во САД и на светското карате натпреварување во Будимпешта“, вели Милошевски и додава:
„Немам зборови со кој би можел да ја искажам мојата благодарност до нашиот конзулат во Чикаго, што го препознаа мојот труд и континуираните успеси на моите ученици во клубот. Како македонски карате амбасадор ќе продолжам да ја претставувам Македонија гордо во најдобро светло секаде и секогаш“.