Дејан Милошевски – Чобачо велнес шампион на Нортвестерн Универзитетот

Уште едно прознание за нашиот каратист во САД, Дејан Милошевски – Чобачо. Дејан Милошевски е претставен како велнес шампион на Нортвестерн Универзитетот.

Во објаснувањето се дека велнес шампионите се страстни во поддршка на здравјето на вработените, како и претставување на нивните департманти во сите процеси поврзани со управувањето на велнес програми во Нортвестерн Универзитетот.

„Запознајте го овонеделниот велнес шампион Дејан Милошевски, финансиски координатор, кој ги претставува вработените и Кардиоваскуларен институт Блум, Одделение за клинички испитувања, Фајнберг медицинска школа при Нортвестерн Универзитетот.

Топ 3 области на велнес интереси: духовна, емоционална и социјална.

Да се биде во велнес состојба значи: Умот, телото и духот треба да се поврзани на хармоничен начин за да создаде чувство на висока благосостојба“, пишува на веб-страницата на Универзитетот.

„Се стремам кон мојата благосостојба со: секојдневно вежбање на карате, кое отсекогаш било важен дел од мојата физичка и ментална благосостојба. Денот го започнувам со медитација, утринско истегнување и шолја зелен чај. Сакам да пешачам и да трчам во природа и многу често може да ме најдете како вежбам карате и се подготвувам за моите натпревари. Во текот на работните денови, после мојата работа им држам часови по карате на ученици на возраст од 3+ години. Ова ме прави навистина среќен затоа што можам да го споделам моето знаење и страст за каратето, а во исто време да им помогнам да го изградат својот шампион со цврст карактер и самодоверба“, вели Милошевски, истакнувајќи дека е избран за член на тимот  велнес шампион на Нортвестерн.

Тој објаснува дека Комитетот за велнес шампиони  е група членови на факултет и персонал кои се страстни за велнес.

Милошевски нагласува дека подготвуваат велнес програми, настани, обуки и слично, за сите вработени и членови на Нортвестерн Универзитетот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО