Конор Мек Грегор го најави „најголемото враќање во историјата на спортот“

Големата УФЦ ѕвезда Конор Мек Грегор го најави своето враќање во октагонот со уште една објава. Пред повеќе од една година Ноториус ја скрши ногата на мечот против Дастин Пориер, па се врати на тренинзите.

Но, неговото враќање е сè уште неизвесно и тешко дека ќе се случи до крајот на годината.

Мек Грегор на Твитер објави компилација од некои од неговите одлични моменти од кариерата во ММА.

Ирецот со видеото напиша дека тоа ќе биде најголемиот кам-бек во историјата на спортот.

Неодамна беше објавено дека Мек Грегор ќе глуми во римејкот на блокбастерот „Road House“ од 1989 година со Патрик Свејзи.

Во филмот улогата на Џејмс Далтон ќе ја толкува Џејк Гиленхал, додека Ирецот ќе има споредна улога.

А кога Мек Грегор ќе се врати на борбата се уште не е познато.

Некои борци покажаа интерес да се борат со ирскиот борец, вклучувајќи го и Чарлс Оливеира.

Но, Бразилецот мораше да го прифати мечот против Ислам Махачев и на 22 октомври ќе се обиде да ја врати шампионската титула во лесна категорија.

„Не ја сакав таа борба и сите го знаат тоа. Сакав да заработам добри пари од уште една борба, но јас сум член на УФЦ и морав да го прифатам тој меч“, изјави неодамна Чарлс Оливеира.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО