Јан Блахович се уште бара меч за титулата против Јиржи Прохаска

Првакот во полутешка категорија Јиржи Прохаска му понуди на Гловер Тешеира реванш, откако Чехот во јуни го победи Бразилецот и го освои појасот на УФЦ.

Мечот се уште не е официјално договорен, но Јан Блахович се надева на нова можност.

Полјакот веруваше дека со победа против Александар Ракиќ ќе биде следниот предизвикувач, но се чини дека ќе му треба уште една борба.

Блахович е разочаран од расплетот на ситуацијата и преку Твитер испрати порака до претседателот на УФЦ, Дана Вајт:

„Без глупости, политика и бесмислици. Дајте ми го Прохаска, а јас ќе ти ја дадам најголемата ММА борба во европската историја. За разлика од него, јас останувам на зборот“.

Во друга објава тој напиша:

Фактите:

„Јас сум првиот полски борец кој стана шампион на УФЦ

поради мојата работа – моето име привлекува почит

Никогаш не бегав од предизвик

во УФЦ морав да создадам одлични моменти за навивачите

Сè уште не сум готов’.

На неговите пораки одговори Магомед Анкалаев, кој во моментов има девет победи во низа. Дагестанецот е подготвен за соочување со Блахович.

„Ги загуби последните два натпревари. Нападот на титулата треба да се заработи. Дана не може да те спаси. Мик Мејнард, не дозволувај да се оддалечи од мене. Јас ќе го сопрам“, напиша Магомед Анкалаев и додаде:

„Полска има 38 милиони жители, а тоа не ве прави голема ѕвезда. Велите дека не бегате од противникот. УФЦ ме праша дали сакам да се борам со тебе, јас се согласив. Подоготвен сум“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО