Каратистите на Борис Лескаровски освоија 5 медали на Првенството на Швајцарија

Каратистите на нашиот тренер Борис-Борче Лескаровски на Првенството на Швајцарија освоија 5 медали – 1 сребрен и 4 бронзени.

Медалите за Кашива кан ги освоија: Марва Бутрасит – сребрен во борби (У-12, 32 кг) и бронза во кати, Гама Лија Тило (У-14, 54 кг), Рафаел Контрерас (У-14, 54 кг) и Јан Контрерас (У-16, 63 кг) бронзи.

На пренството настапија и Алина Курти и Лукас Мендес и ги освоија петтите места.

Лескаровски на шампионатот се сретна и со претседателот Швајцарската карате федерација Роланд Цоликер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО