Дејан Милошевски допатува во Будимпешта од САД на СП во карате, информира за новите правила

Освен нашите натпреварувачи, во Будимпешта на Светското првенство во карате,  учествува и нашиот светски судија, Дејан Милошевски, кој допатува од Соединетите Американски Држави за да ја претставува Македонија на ова значајно натпреварување.

Тој успеа да ја продолжи својата светска карате лиценца. За потсетување, во 2018 година, Дејан Милошевски првпат положи за светската лиценца во Дубаи. Се запиша како прв најмлад македонски судија во македонското карате со оваа светска лиценца.

„Ова ми беше најважното натпреварување оваа година и бев навистина подготвен. Во последните години каратето имаше голема еволуција и правилата се променија повеќе пати. Се зголемија бројот на судии за кати од 5 на 7, се направија повеќе различни формати на натпревари за кати и борби. Се воведоа неколку нови правила за кумите а како најинтересна измена е судењето од знаменца со електронски џојстици. Тоа е најновата технологија која сега се користеше за полагањето и сега ја употребуваме на ова Светско натпреварување. Навистина е чест да се претставува Македонија на еден ваков светски настан“, изјави Милошевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО