Македонскиот карате амбасадор и светски судија Дејан Милошевски ја освојува Америка

Македонскиот карате амбасадор и светски судија Дејан Милошевски во повеќе сегменти ја освојува Америка. Изминатиов викенд судеше на Мајами опен меѓународен карате шампионат 2023 – најголемото интернационално карате натпреварување во историјата на Флорида.

Натпреварувањето се одржа во два дена на 6 татами следејќи ги правилата на НКФ- САД (Национал карате федерација на САД) и ВКФ (Светската карате федерација) на кое учествуваа 627 натпреварувачи, 66 тренери и 51 судија од 20 држави. Повеќе од 15 светски судии меѓу кои беше и нашиот единствен светски македонски судија во УСА, Дејан Милошевски.

„Секогаш задоволството е големо кога ќе го слушнете името Македонија на вакви јавни интернационални натпреварувања. Да се биде македонски амбасадор, гордо да се претставува Македонија, секогаш е мој  приоритет и обврска. Натпреварот беше навистина одлично организиран и татамито го делев со најдобрите светски американски судии. Се надевам следниот пат ќе учествуваме и со моите ученици од „Милошевски маршал артс“, вели Милишевски и нагласува:

„Во изминативе месеци бев на интернационални натпреварувања во САД Калифорнија (Санта Ана), Колорадо (Денвер), Невада (Лас Вегас), Тексас (Далас) и секако во својата матична земја Македонија (Скопје)“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО