Дејан Георгиевски покажа дека e светска класа – златен медал на „Софија опен“ Г-1 турнирот (ФОТО)

Дејан Георгиевски покажа зошто е европски шампион во таеквондо, тој го освои златниот медал на Г-1 турнирот „Софија опен 2018“ во сениорска конкуренција во категоријата над 87 килограми. Овој турнир носи бодови за Олимписките игри во Токио 2020 година.

Георгиевски извојува четири победи во екстремно силна конкуренција, совладувајќи ги Ѓорѓе Марчетиќ (Србија)11-4, Мартион Сио (Аргентина) 11-8, Хамза Катан (Јордан) 11-1(поранешен светски вицешампион), а во финалето славеше над Украинецот Михаил Шелест 17-8.
„Во категоријата на Деки имаше борец светска ѕвезда, актуелно сребро од светското првенство во Кореа 2017, Махама Чо од Британија, кој денеска беше елиминиран од Украинецот Михаил Шелест, а тој во финалето беше поразен од Деки“, велат од нашиот табор!

Да потсетиме дека вчера сестра му Анамарија Георгиевска го освои јуниорското сребро. На Дејан ова му е втор последователен медал од Г-1 турниртите, откако претходно во Турција го освои бронзениот медал на Турција опен 2018.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО