Френки Едгар прв пат е нокаутиран, Брајан Ортега му е мајсторот, Киборг ја одбрани титулата (ВИДЕО)

Френки Едгар (22-6-1, 16-6-1 УФЦ) го доживеа првиот пораз со нокаут.

36-годишниот поранешен првак во лесна категорија во мечот од 66 килограми падна по десниот аперкат на Брајан Ортега 16 секунди пред крајот на првата рунда (14-0-1 НЦ, 6-0-1НЦ УФЦ). 27-годишниот Ортега ги доби сите седум мечеви во УФЦ, но првата победа против Мајк де ла Торре во 2014 година беше поништена поради падот на допинг-тестот.

https://youtu.be/CAlxlpyqEA8

Со победата Ортега стана првиот фајтер кој успеал да го нокаутира поранешниот УФЦ шампион во лесна категорија, откако фантастичниот удар со лакт го заврши мечот.

„Знаев дека вака може да се случи во моите соништа. Беше чест да се подели октагонот со легенда како Френки“, изјави Ортега (14-0).

Едгар имаше подобар старт во првата половина од рундата, но кога Ортега дојде поблиску, прво го „здрма“ противникот со левиот лакт, по што со два десни аперкати го заврши мечот. Ортега сега има шест победи во низа, и тоа сите шест со нокаути.

Крис Киборг (20-1-1 КЦ, 5-0 УФЦ) во главната борба на УФЦ 222 во Лас Вегас, без поголеми проблеми по втор пат ја одбрани титулата во перолесна категорија. Бразилката со технички нокаут по три и пол минути борба ја порази шампионката на Инвикта во бантам, Јану Кунитскају (10-4, 0-1 УФЦ).

https://youtu.be/PR-YJnD4LLM

Андреј Арловски (27-15, 16-9 УФЦ) постигна уште една последователна победа откако ја прекина низата од пет порази. Поранешниот шампион во тешка категорија со едногласна одлука на судиите го победи Стефан Струве (28-10, 12-8 УФЦ), а 40-годишниот Белурусин победата ја оствари благодарение на неочекуваните пет уривања.

Хектор Ломбард (34-9-1, 3-7 УФЦ) изгуби со дисквалификација од Ц.Б. Долавеј (17-8, 10-8 УФЦ). 40-годишниот Кубанец го соборуваше Доловеј со удари по ударот во гонгот кој означи крај на првата рунда и бидејќи Американецот не можеше да продолжи тој е дисквалификуван. Ова му беше петти последователен пораз и поранешниот шампион на Белататор е на разочарувачки 3-7 во УФЦ.

Мајк Пајл (27-14-1, 10-9 УФЦ) се опрости од ММА со пораз со техничкиот нокаут во првата рунда од Зак ​​Отов (16-5, 3-2 УФЦ). 42-годишниот Квиксенд дебитираше уште во 1999 година со поразот од Квинтон Џексон.

Бонус за изведба на вечерта добија Брајан Ортега и Александар Хернандез (9-1, 1-0 УФЦ), кој во дебито за 42 секунди го нокаутира Бенеил Дариуш (14-4-1, 8-4-1 УФЦ).

Шон О’Мели и Андре Сухамтат беа во борбата на вечерта во која О’Мели славеше со одлука на судиите.

https://youtu.be/3SWH00WWKyQ

УФЦ 222:
Крис Киборг – Јана Куницка (ТКО, Р1)
Брајан Ортега – Френки Едгар (Ко, Р1)
Шон О’Мели – Андре Соухатат (едногласна одлука на судиите, 29-27, 29-27, 29-28)
Андреј Арловски – Стефан Струве (едногласна одлука на судиите, 29-28, 29-28, 30-27)
Кетлен Виеира- Кет Цингано (поделена одлука на судиите, 29-28, 28-29, 29-28)
Мекензи Дерн – Ешли Идер (поделена одлука на судиите, 29-28, 28-29, 29-28)
Александар Хернандез – Бенил Дариуш (KО, Р1)
Џон Додсон – Педро Мун (поделена одлука на судиите, 28-29, 30-27, 29-28)
Ц.Б. Долавеј – Хектор Ломбард (дисквалификација)
Зак Отов – Мајк Пајл (TKO, Р1)
Коди Стаман – Брајан Кимвај (поделена одлука на судиите, 29-28, 28-29, 29-28)
Џордан Џонсон – Адам Милстед (поделена одлука на судиите, 29-28, 27-30, 29-28)

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО