Ален Адемовски од Центар Жупа извојува пета последователан победа во ММА во Италија

Ален Амедовски продолжува со извонредната серија на победи во ММА, тој навестува сензационална кариера во профи кафезот. 29 годишниот борец родум од Центар Жупа вчера во Пала Фероли во Верона, Италија, го победи Мароканецот Бадр Мамду со технички нокаут во втората рунда.

Тоа беше борба на предизвикувачи во категоријата до 84 килограми со која низата на победи на Амедосвки се зголеми на пет.

Нема сомнеж во победата на Ален, бидејќи во претходните четири настапи беше извонреден, пред се во Милано со Саммарко, Дорошкин, Ткачи и Фантасиа, со кои исто така извојува брзи и ефектни победи.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО