Де ла Хоја сака да направи меч меѓу Мек Грегор и Канело Алварез (ВИДЕО)

mek-gregor-i-alvarez

Додека сите зборуваат за евентуален бокс меч меѓу Конор Мек Грегор и легендарниот Флојд Мејведер, поранешниот светски шампион и актуелен промотор Оскар де ла Хоја излезе со сосема поинакво видување по ова прашање. Голден бој откри дека со задоволство би средил средба меѓу Конор и Сол Алварез -Канело.

Гласините за качување на Конор во рингот се засилија откако Ирецот доби бокс лиценца за Калифорнија. Оскар де ла Хоја изјави дека е подготвен да го промовира Мњк Грегор.

„Ако Конор е сериозен дека сака да боксира, би сакал да зборувам со него и да му бидам промотор. Можете ли да замислете – Конор Мек Грегор и Голден бој заедно. Но, единствениот меч кој сакам да го видам и во кој има најголема смисла и шоу, а и гарантиран нокаут, е против Канело Алварез. Тие се во иста категорија и целата поента на светот е во тоа. Им го замислувам дуелот на 72.5 килограми“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО