Даниел Кормиер нема да се бори во март, го повредил грбот

Шампионот на УФЦ во тешка категорија Даниел Кормиер најави дека нема да се бори во март, затоа што заработил повреда.

„Го повредив грбот, додека бев во Њујорк при едно кашлање. Ова не е шега. Се уште се обидувам да се соземам. Минатата година направив прекрасна сезона. Тогаш немав проблеми, но еве, сега ја плаќам цената. Мојот доктор ми кажа дека имам предуслови за артритис“, рече Кормиер.

Кормиер изјави дека е можно следната борба да биде со Брок Леснар или со Стипе Миочиќ.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО