Френсис Нгану го сака најдоброто издание од Каин Веласкез

Френсис Нагану овој викенд ќе се бори против еден од најдобрите борци во историјата на тешка категорија, Каин Веласкез. Нагну и Веласкез ќе го предводат УФЦ на ЕСПН 1, а поранешниот кандидат за титулата го сака најдоброто издание на Каин Веласкез, затоа што верува дека со победа против него пак ќе се бори за титулата.

„Сакам да го видам најдоброто од Каин Веласкез и да се подготвам за неговата најдобра верзија. Верувам дека со победата против него повторно ќе се борам за титулата. Ова е нова верзија на Френсис Нгану и станав многу поискусен по нокаутот над Оверем. Мислам дека Миочиќ е во право и заслужува реванш. Долго време сакав да се борам против Каин“.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО