Дaна Вајт сака да влезе во светот на боксот: Знам дека можам да го направам поинтересен

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, го најави проектот Zuffa Boxing пред неколку години, но ништо не се случи.

Извесен период велеше дека боксот е уништен и дека во него владее голем хаос, а на крајот дошол до заклучок дека не му е премногу жежок за него.

Но, се чини дека шефот на УФЦ се предомислил. Наводно, последниве месеци работи на започнување на нова боксерска промоција која би можела да организира мечеви за година-две.

„Не знам дали можам да го поправам тој спорт, но мислам дека можам да организирам натпревари кои луѓето сакаат да ги гледаат. Знам дека можам да го направам поинтересно градејќи бренд околу него“, изјави Дана Вајт.

А интересот за боксот на Дана Вајт најмногу порасна во 2017 година за време на договорањето и промовирањето на борбата помеѓу Конор Мек Грегор и Флојд Мејведер. Вајт потоа повтори дека сака да биде сто проценти вклучен во тоа.

Познато е дека Вајт често критикува некои боксерски настани, па за време на последниот настан на УФЦ во Лондон се осврна на потенцијален меч меѓу Александар Усик и Тајсон Фјури.

„Дали тој меч е договорен? Не е? Добредојдовте во светот на боксот. Дали е тоа шокантно? Не, затоа што тоа едноставно е бокс, така одат работите во тој спорт. Големи борби кои треба да се случат, всушност никогаш не се случуваат“, подвлече Дана Вајт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО