Дали Ронда Русеј ќе се пензионира?

Ronda-Rousey

Шампионката на УФЦ во бантам категорија, Ронда Русеј, директно не ги кажа овие зборови, но не треба многу за да се прочита меѓу редови „Хулиганот“ се соочува со некои живот предизвици.

 Русеј го брани својот појас во Лос Анџелес против Кет Цингана пред гллавната борба на вечерта на 184-от УФЦ.

 Потоа, истакна Ронда, дека мора да донесе некои одлуки .

 „По 28 февруари, треба да донесам некои многу важни одлуки“, рече шампионката.

 „Токму сега, многу добро ми оди во животот“, изјави Ронда. „Имам многу понуди и опции, така што уште не сум сигурн по кој пат треба да тргнам. А кој пат ќе го изберам зависи од тоа дали ќе ја победам Кет Цингано“.

 По повлекувањето на Џорџ Сент Пјер и Брок Леснар, со пензионирањето на Ронда Русеј УФЦ ќе изгуби уште една боречка ѕвезда, чии натпревари се продаваат на ППВ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО