Мајк Тајсон сака да го игра Отело (ВИДЕО)

majk-tajson1

Поранешниот светски шампион во бокс во тешка категорија, легендарниот Мајк Тајсон, изрази желба да ја игра улогата на Отело во екранизацијата на претставата на Вилијам Шекспир.

Според зборовите на Тајсон, англискиот писател имал големи идеи. Тајсон играл во многу филмови, претежно себе.

„Јас неодамна разговарав со еден човек и тој ми го цитирашше Шекспир: „Првото што ќе го направиме е да ги убиеме сите правници“, јас почнав да се смеам, истакнува Тајсон за британскиот весник „Мирор“ .

– Ова го рекол Шекспир. Тој имал големи идеи. Не знам со каква улога би сакал да го исполнам, но Отело ќе биде предизвик. Јас не можам да настапувам во театар – тоа е многу тешко. За мене е полесно да настапувам пред камера. Улогата е многу тешка и ќе треба многу да учам. Ме советуваат да поработам со лингвисти. Зарем нема да биде прекрасно, ако црно момче го одигра Отело?, констатираше Тајсон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО